04 декември 2025
„Патот до Успехот" — пилот иницијатива за талентирани деца
Образовниот систем денес се соочува со бројни предизвици — од намалено ниво на знаење до краткото време што учениците го минуваат на вистинско, длабоко учење.
Како одговор, пилот-иницијативата „Патот до успехот" понуди поинаков пристап: фокус на јаките страни и талентите на секое дете, наместо само на слабостите. Преку менторство и практична работа, децата добиваат можност да го откријат и развијат својот потенцијал.