
Online Вебинар „Самодоверба"
Што навистина ја создава самодовербата? Денес зборот „самодоверба" се користи насекаде…
Прочитај повеќе →Граѓанско Здружение
Секој од нас заслужува шанса да го открие својот глас, својот пат и своето место.
Вклучи сеКои сме ние
Да ги идентификуваме и поддржиме талентите на секој поединец, насочувајќи ги кон јасни цели, личен развој и остварливи резултати.
Средина која обезбедува јасни услови, системска поддршка и реални можности за млади талентирани личности да се развиваат преку менторство, личен раст и практична примена — за да станат самоуверени, самостојни и влијателни архитекти на својот пат.
Да ги откриеме и активираме талентите, градејќи мрежа на поддршка која го поттикнува нивниот развој. Да стимулираме издржливост, одговорност и вредности, создавајќи идни ментори, лидери и инфлуенсери.
Концепт Незапирливи

Методологијата што ја користи „Незапирливи" е систематски и иновативен пристап за откривање и развој на талентите кај младите. Создадена од родители на талентирани деца, таа спојува практично искуство и теоретски знаења, нудејќи јасен и флексибилен пат кон личен раст, самодоверба и долгорочен развој.

Концептот се темели на три клучни столба — духовен, интелектуален и материјален. Балансот помеѓу овие аспекти овозможува секое дете да се развива целосно, стабилно и во склад со својот ритам и потенцијал. Кога детето се чувствува безбедно, ценето и поддржано, се отвора вистинскиот пат кон неговиот личен напредок.

Секое дете поминува низ осум фази на раст — од откривање на талентот, преку учење, примена и натпревар, па сè до фази кога самото дете станува ментор, лидер и инспирација за други. Процесот е јасно структуриран и овозможува постепено градење на самодоверба, идентитет и влијание, со постојана поддршка од наставници, родители и ментори.


Моментот пред да го откриеш својот талент и моментот откако ќе го откриеш својот талент!
Што правиме

Што навистина ја создава самодовербата? Денес зборот „самодоверба" се користи насекаде…
Прочитај повеќе →
Проектот ја разгоре креативната искра кај над 120 ученици од основните училишта во општина Кисела Вода…
Прочитај повеќе →
Вториот дел од проектот „Патот кон успехот" беше реализиран во две фази и ги опфати четирите основни училишта…
Прочитај повеќе →Во што веруваме
Ги следиме нашите цели со истрајност и грижа, секогаш фокусирани на долгорочен развој.
Преземаме одговорност за нашите зборови, избори и влијанието што го имаме врз заедницата.
Создаваме средина на разбирање, каде што секој се чувствува виден, прифатен и вреден.
Слушаме со срце и делуваме со сочувство за да изградиме доверба и блискост.
Во медиумите
Приклучи се
Ако се пронаоѓате во нашиот концепт и верувате дека заедно можеме да придонесеме за подобра средина за раст, учење и развој — приклучете се!
Погледнете повеќеГласови на заедницата
„Една порака што ја понесов од оваа работилница е дека секое дете во себе носи одреден талент, а наша улога е да го препознаеме, мотивираме и да му помогнеме да чекори по патот што сам ќе го избере."

„Оваа работилница ме поттикнува на размислување и на нови идеи — пред сè за мене како личност, а и за општо добро. Ако сум инспирирана, можам да дадам придонес за околината и за моите ученици."

„Со надеж дека оваа родителска иницијатива ќе продолжи и ќе стане поттик за сите нас да чекориме напред и да ги поддржиме децата токму таму каде што блескаат."
