Работилница „Бизнис Модел Канвас" — Економски факултет, Скопје
Со гордост објавуваме дека успешно спроведовме едукативна работилница на тема „Бизнис Модел Канвас", во рамките на Економскиот факултет – Скопје.
Практична примена на знаење преку дводневен хакатон
Студентите имаа извонредна можност да го применат своето теоретско знаење во реална и динамична средина, каде преку интензивен дводневен хакатон работеа на развивање иновативни и одржливи бизнис модели.
Настанот започна со презентација на концептот Незапирливи, по што следуваа интерактивни сесии со менторите Сашо Илиев и Сашо Пандилов, каде учесниците добија насоки за подготовка на Канвас бизнис плановите.
Благодарност
Благодарност до проф. Стојан Дебарлиев за поддршката и вербата во вредноста на практичната едукација за студентите, до претставниците од Општина Кисела Вода за нивното присуство, и до сите студенти за нивната енергија, ангажираност и претприемачки дух.
Работилницата не само што ги поттикна да размислуваат стратешки, туку и ги доближи до реалниот свет на бизнисот, нагласувајќи ја важноста на менторството во личниот и професионален развој.