Граѓанско Здружение

Незапирливи

Секој од нас заслужува шанса да го открие својот глас, својот пат и своето место.

Вклучи се

Кои сме ние

Нашиот пат

01

Мисија

Да ги идентификуваме и поддржиме талентите на секој поединец, насочувајќи ги кон јасни цели, личен развој и остварливи резултати.

02

Визија

Средина која обезбедува јасни услови, системска поддршка и реални можности за млади талентирани личности да се развиваат преку менторство, личен раст и практична примена — за да станат самоуверени, самостојни и влијателни архитекти на својот пат.

03

Цел

Да ги откриеме и активираме талентите, градејќи мрежа на поддршка која го поттикнува нивниот развој. Да стимулираме издржливост, одговорност и вредности, создавајќи идни ментори, лидери и инфлуенсери.

Концепт Незапирливи

Методологија на работа

Развој на таленти

Развој на таленти

Методологијата што ја користи „Незапирливи" е систематски и иновативен пристап за откривање и развој на талентите кај младите. Создадена од родители на талентирани деца, таа спојува практично искуство и теоретски знаења, нудејќи јасен и флексибилен пат кон личен раст, самодоверба и долгорочен развој.

Столбови на развојот

Три столба на развојот

Концептот се темели на три клучни столба — духовен, интелектуален и материјален. Балансот помеѓу овие аспекти овозможува секое дете да се развива целосно, стабилно и во склад со својот ритам и потенцијал. Кога детето се чувствува безбедно, ценето и поддржано, се отвора вистинскиот пат кон неговиот личен напредок.

Осум чекори

Патот во осум чекори

Секое дете поминува низ осум фази на раст — од откривање на талентот, преку учење, примена и натпревар, па сè до фази кога самото дете станува ментор, лидер и инспирација за други. Процесот е јасно структуриран и овозможува постепено градење на самодоверба, идентитет и влијание, со постојана поддршка од наставници, родители и ментори.

Моментот што менува сè

Пред да го откриеш својот талент
Пред да го откриеш својот талент
Откако ќе го откриеш својот талент
Откако ќе го откриеш својот талент

Моментот пред да го откриеш својот талент и моментот откако ќе го откриеш својот талент!

120+ Ученици
6 Реализирани проекти
5+ Основни училишта
8 Чекори на развој

Што правиме

Проекти

Вебинар Самодоверба
20 мај 2026

Online Вебинар „Самодоверба"

Што навистина ја создава самодовербата? Денес зборот „самодоверба" се користи насекаде…

Прочитај повеќе →
Гласот на Ѕвездите
04 дек 2025

„Гласот на Ѕвездите"

Проектот ја разгоре креативната искра кај над 120 ученици од основните училишта во општина Кисела Вода…

Прочитај повеќе →
Патот до Успехот
04 дек 2025

Патот до Успехот — Втора работилница

Вториот дел од проектот „Патот кон успехот" беше реализиран во две фази и ги опфати четирите основни училишта…

Прочитај повеќе →
Сите проекти

Во што веруваме

Наши вредности

П

Посветеност

Ги следиме нашите цели со истрајност и грижа, секогаш фокусирани на долгорочен развој.

О

Одговорност

Преземаме одговорност за нашите зборови, избори и влијанието што го имаме врз заедницата.

Г

Грижа

Создаваме средина на разбирање, каде што секој се чувствува виден, прифатен и вреден.

Е

Емпатија

Слушаме со срце и делуваме со сочувство за да изградиме доверба и блискост.

Во медиумите

Моменти кои би ги издвоиле

Гостување во Утринска на Телма за проектот „Патот до успехот"
Прилог од ТВ Сител за влијанието на проектот „Патот кон Успехот"
Здраво Македонијо — „Концепт Незапирливи"

Приклучи се

Сакате да станете дел од нашата мрежа?

Ако се пронаоѓате во нашиот концепт и верувате дека заедно можеме да придонесеме за подобра средина за раст, учење и развој — приклучете се!

Погледнете повеќе

Гласови на заедницата

Што велат за нас

„Една порака што ја понесов од оваа работилница е дека секое дете во себе носи одреден талент, а наша улога е да го препознаеме, мотивираме и да му помогнеме да чекори по патот што сам ќе го избере."

Андријана Тасевска
Андријана ТасевскаПсихолог во ООУ „Круме Кепески"

„Оваа работилница ме поттикнува на размислување и на нови идеи — пред сè за мене како личност, а и за општо добро. Ако сум инспирирана, можам да дадам придонес за околината и за моите ученици."

Елена Симоновска
Елена СимоновскаДиректор во ООУ „Климент Охридски"

„Со надеж дека оваа родителска иницијатива ќе продолжи и ќе стане поттик за сите нас да чекориме напред и да ги поддржиме децата токму таму каде што блескаат."

Сузана Англова
Сузана АнгловаНаставник во ООУ „Круме Кепески"